ГРУБИ, „БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА“ И ТРИУМФОТ Правникот Муамеди го коментираше интервјуто на вицепремиерот за косовската телевизија

Значи заменик-премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани, го коментира Муамеди интервјуто на Артан Груби за телевизијата Дукаѓини.

414

Правникот Умејр Муамеди познат по своите фејсбук-статуси го коментираше неодамнешното гостување на вицепремиерот Артан Груби на косовската телевизија Дукаѓини каде Груби појасни дека договорот за премиер Албанец во Македонија уште важи.

Еве што напиша Муамеди:






„Го следам Артан Груби во Косовската телевизија „РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанците итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите). Значи заменик-премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани.

Во вакви моменти премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам, а не привилегија дека е премиер.

Македонија и официјално нема премиер односно има „Британска Кралица”, а премиер де факто е Артан Груби“, пишува Муамеди.

Муамеди стана познат во јавноста по неговиот претходен фејсбук статус каде ги прекори функционерите кои истакнуваат знамиња од други држави во институциите каде работат.

 

Поврзани содржини
na