И ПОСЛЕ ЌЕ ИМА НЕСРЕЌИ! Се крадат делови од пруги и возови
А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура“, информира МВР во својот билтен.
Полицијата вчера приведе маж од Студеничани кој со трактор превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура.
„На 02.03.2023 на влезот во село Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н. од село Трубарево, скопско. Имено, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура“, информира МВР во својот билтен.
Во полициска станица го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во село Трубарево.