15% ПОПУСТ НА АПСОЛУТНО СИТЕ ПРОИЗВОДИ Утре ќе се случи големото реотворање на dm во Сити Мол

Попустите ќе траат 4 дена, од 23.2 до 26.2.2023 година. Компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира за набавка на спирометар за пациентите со цистична фиброза, при ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.

137

Големото реотворање на реновираната дрогерија dm во Сити Мол на 23 февруари, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ, и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 4 дена, од 23.2 до 26.2.2023 година.

Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во City mall. Дрогеријата на dm во Сити Мол, која се отвори во 2012 година по десетгодишното работење, на крајот на јануари беше затворена заради реновирање. По речиси еден месец, повторно ќе може да пазарувате во оваа дрогерија, во најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживате во докажаниот германски квалитет по супер цени.






Како компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира за набавка на спирометар за пациентите со цистична фиброза, при ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.

Реновираната дрогерија на dm се простира на 330,82 m2 продажен простор, 63,79 m2 магацински простор и 19,22 m2 помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

Бидете дел и вие од ова големо реотворање на dm во Сити Мол и искористете ги попустите на dm од -15% на апсолутно сѐ, и на веќе намалените производи!

Поврзани содржини