ДВЕ РУСКИ РАКЕТИ ПРЕЛЕТАА НАД МОЛДАВИЈА И РОМАНИЈА? Од Црното Море, преку соседите, па во Украина

Откако ракетите влегоа во Молдавија и Романија, тие повторно влегоа во воздушниот простор на Украина на границата на тие три држави, напиша Залужни на Телеграм.

694

Украинската армија тврди дека руски ракети од типот „Калибер“ се регистрирани во воздушниот простор на Молдавија и Романија, јави Укринформ. Молдавија и Романија сè уште не ги коментираа овие тврдења на украинската армија, ниту пак Руската Федерација.

Според Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија, проектилите наводно биле лансирани од руски бродови лоцирани во Црното Море. Ракетите наводно влегле во воздушниот простор на Молдавија во 10:18 часот, а во романскиот воздушен простор во 10:33 часот.






„Откако ракетите влегоа во Молдавија и Романија, тие повторно влегоа во воздушниот простор на Украина на границата на тие три држави “, напиша Залужни на Телеграм.

Русија утринава изврши голем ракетен напад врз југоистокот на Украина, а се слушнаа експлозии и близу Киев. Украинските власти обвинија дека најмалку 35 ракети С-300 биле испукани заедно со ракети „Калибер“. За разлика од „Калибер“, украинските сили не можат да ги соборуваат во воздух проектилите С-300.

 

Поврзани содржини