АКО ВИ СТАНАА ПРЕСКАПИ ИЛИ САКАТЕ ДА ГИ ЗАМЕНИТЕ СО ВЕГАНСКА ВЕРЗИЈА Алтернативи за јајца и водич како и за што се користат
Доколку јајцата ви станаа прескапи или сакате да ги замените со веганска верзија, овие предлози добро ќе ви дојдат. Секако, треба да знаете и во кое јадење можете да го употребите како замена пирето од јаболки или банана, а во која прашок за пециво, чиа или ленено семе или некоја друга алтернатива за јајца
Деновите кога едно пакување од 10 јајца чинеше помалку се очигледно зад нас, па сега најевтината варијанта чини 99 денари. Инфлацијата, се чини, не заобиколи ниту една земја, па многумина се занимаваат со идејата која храна да ги замени јајцата во јадењата.
И додека некои во оваа ситуација веќе се навикнуваат на алтернативи од растително потекло за пржените или тврдо варените јајца, знаејќи дека тие не се ни блиску до вкусот на вистинските јајца, други се обидуваат да најдат повкусна замена.
Криси Алори, блогерка за храна која и сама чува кокошки, е специјализирана за пронаоѓање заменски намирници и истакнува дека е можно да се најде веродостојна замена за јајцата барем кога станува збор за нивна употреба во склоп на некое јадење или десерти.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.