МЕЧОТ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО 0:5 ЗА ТАТРАН Вардарци имаат тешка мисија, но не и невозможна
Натпреварот ќе се игра в петок со почеток во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Македонскиот ракометен шампион Вардар за два дена го очекува натпревар со Татран Прешов во СЕХА-лигата.
На минатонеделното гостување во Словачка, „црвено-црните“ загубија со 27:23, па во возвратниот дуел посакуваат победа со пет голови разлика.
– На гостувањето кај Татран добро почнавме, но уморот и невоиграноста си го сторија своето. Одигравме добро, имавме и водство, но потоа дојде до пад во играта. За претстојниот натпревар добро се подготвуваме. Ја анализираме играта на противникот. Ќе одиме на победа, по можност да биде изразена со повеќе од четири голови разлика. Имаме повредени, но ќе направиме сѐ да ги освоиме бодовите – вели тренерот Владо Недановски.
Натпреварот ќе се игра в петок со почеток во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.