ПАМЕТНА ПЕЛЕНА ЌЕ ИСПРАЌА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Родителите наскоро ќе знаат кога треба да го преслечат бебето
Научниците од Универзитетот Пен Стејт вградиле четири сензори помеѓу слоевите на пелената за да создадат „паметна пелена“, која ќе испраќа известување до паметниот телефон, предупредувајќи го старателот дека на бебето треба да му се смени пелената.
Родителите наскоро ќе знаат дека треба да му ја сменат пелената на своето дете уште пред да слушнат плач. Научниците од Универзитетот Пен Стејт создадоа „паметна пелена“ со вграден сензор кој ќе испрати предупредување до паметниот телефон кога ќе се навлажни.
Истражувачите вградиле четири сензори помеѓу слоевите на пелената за да создадат „паметна пелена“, како што е опишано во списанието Nano Letters. Откако пелената ќе се навлажни, графитот во неа реагира со течноста и натриум хлоридот и активира сензор, кој испраќа известување до паметниот телефон, предупредувајќи го старателот дека на бебето му треба промена на пелената.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.