ЗОШТО ФРАНЦУСКИТЕ ДЕЦА СЕ ТРПЕЛИВИ, ЈАДАТ СЀ И СПИЈАТ ЦЕЛА НОЌ? Изгледа има нешто и во начинот на живот…
Французите се познати по својата мода, сирења и ненаметливата елеганција која зрачи со шармантни детали. Нивниот начин на живот е интересен за целиот свет, но интересен е и начинот на кој ги воспитуваат своите деца. Ги учат своите малечки на чекање и на трпение, а не постои нешто како „храна за деца“
Американката Памела Дракерман ја напиша книгата „Bringing Up Bébé: One American Woman Discovers The Wisdom Of French Parenting“ во која го опишува своето искуство со подигање дете во Париз и ги опиша главните разлики во воспитувањето на американските и француските деца. Таа откри дека француските деца се добро воспитани, независни, но и дека јадат храна која не е во форма на диносаурус.
Ако ова не ви ја разбуди доволно љубопитноста, според Дракерман додава и дека француските родители имаат социјален живот, спијат, но имаат и сексуален живот. Звучи интересно? Во својата книга, таа опиша како живеат француските родители и нивните потомци.
Повеќе за ова проичитајте на порталот „Мајка и дете“.