БУГАРИЈА ТРГНАЛА ДА ПОДНЕСУВА АМАНДМАНИ, НО ОСТАНАЛА СО ПРСТОТ В УСТА Сите земји-членки на ЕУ ѝ го свртеле грбот на Софија и застанале зад Скопје

Во Советот на Европа минатата недела се водеше дебата и имаше предлог од Република Бугарија да даде амандмани на Резолуцијата за малцинските прашања во Македонија. Но, верувајте ми, ниту една земја-членка на Европската Унија не даде поддршка и не застана зад Софија, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

1,312

Откако се случи инцидентот во Охрид и откако беше истепан генералниот секретар на бугарскиот културен центар „Цар Борис“, Бугарија во знак на револт тргнала да достави амандмани на Резолуцијата за малцинските прашања во Македонија, но сепак останала со прстот в уста, оти не добила поддршка од ниту една земја-членка на Европската Унија.

Ова денеска го откри министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој одговараше на пратенички прашања во Собранието.






– Ќе ви кажам еден пример што се случи минатата недела, а искрено не мислев да го споделам со јавноста. Во Советот на Европа минатата недела се водеше дебата и имаше предлог од Република Бугарија да даде амандмани на Резолуцијата за малцинските прашања во Македонија. Но, верувајте ми, ниту една земја-членка на Европската Унија не даде поддршка и не застана зад Софија. Тоа е затоа што ние како земја веќе имаме докажано во пракса дека не постои системска дискриминација и таа системска дискриминација како формулација не влезе во Резолуцијата. Ние мора да бидеме внимателни и да се стремиме истото да се случи и со Европската Унија. Многу е лесно да ја направиме таа грешка и да ја загубиме таа битка во задржување на ставот на сите земји-членки на ЕУ. Индивидуални инциденти имало, има и секогаш ќе има. Не може ниту една држава да спречи индивидуални инциденти, но прашање е како вие реагирате на тие инциденти. Јас ве уверувам дека немаше ниту една грешка на институциите од моментот кога се случи инцидентот во Охрид, во процесот на идентификување на сторителите, па сѐ до мојата посета на пациентот во болницата во Бугарија – истакна Османи.

Поврзани содржини