ЧОМЛЕК ОД КУЈНАТА НА БАБА МАРИЈА Се прави еднаш годишно, а се памти цела година

Мојата мајка Велика го правеше чомлекот еднаш годишно, ама затоа го чекавме со душа. Најдов пред некој ден кромитчиња на пазар и решив да им го направам на ќерките и на нивните семејства токму онака како што го правеше таа, вели 88-годишната Марија Радованац

198

Чомлек е македонско традиционално јадење, иако самото име е турско и значи грне. Нашата домаќинка, госпоѓа Марија Радованац, која е родена битолчанка, вели дека таа го приготвува по рецептот на мајка ѝ Велика, а самата не се сеќава баш на тоа која е разликата помеѓу битолскиот рецепт за чомлек и оној за таканаречените, прилепски, охридски, па дури и овчарски чомлек. Во Бугарија пак, овој рецепт се нарекува „македонски чомлек“.

Нашата баба Маре вели дека тој се прави, поточно, се „крчка“ многу долго и на тивко, па веројатно затоа и се прави еднаш годишно и тоа обично токму во овој период од годината.
Повеќе за ова,како и рецептот, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини