ЦУТИ ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ПРОСТИТУТКИ ВО ДАВОС? Самитот на светската елита има своја темна и проблематична страна
Саломе Балтус е сексуална работничка и писателка која престојува во хотел во близина на Давос за време на самитот. Таа за Билд изјавила дека редовно се гледа со Американец кој ја посетува Швајцарија повеќе пати годишно и е меѓу 2.700-те присутни на конференцијата.
Бизнисот со проституција доживува невиден процут секоја година при одржување на самитот во швајцарскиот град Давос, а ниту оваа година не е исклучок! Дејли мејл дава своја репортажа со разговор од проститутки чија задача е да ги забавуваат најмоќните луѓе во светот. Само во 2020 година имало над 100 од нив на своите задачи, покажа тогаш истрага на Тајмс во соработка со еден швајцарски полицаец.
Се чини дека глобалната елита решавајќи проблеми разгорува други.
Придружничките во хотелските соби претходно се резервираат за петдневниот настан кој започна во понеделникот. Лијана, сексуална работничка која ја интервјуирале од Дејли мејл се облекува во деловна облека за да не се истакнува меѓу сите оние политичари и бизнисмени. Проституцијата е легална во Швајцарија, но овој настан се чини е посебен. Во прашање е угледот на светската елита.
Лијана наплаќа околу 700 евра за еден час и 2.300 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.
Саломе Балтус е сексуална работничка и писателка која престојува во хотел во близина на Давос за време на самитот. Таа за Билд изјавила дека редовно се гледа со Американец кој ја посетува Швајцарија повеќе пати годишно и е меѓу 2.700-те присутни на конференцијата.
„Состанувањето во Швајцарија за време на светскиот форум значи да се гледаат врвовите на оружјата на чуварите во ходникот на хотелот во 2 часот по полноќ – и потоа да ги споделите со нив подарените чоколади од ресторанот и да ги озборувате богатите… #Давос #СЕФ“, напиша таа на Твитер.
Менаџерката пак, на една служба за придружба во местото Аргау, на 150 километри од самитот, вели дека веќе добила 11 резервации и 25 прашања и дека очекува уште многу такви оваа недела.
Таа за „20 Minuten“ изјавила:
– Некои резервираат и придружба за себе и за своите вработени за да се забавуваат во хотелскиот апартман.
Една 36-годишна сексуална работничка престојува во хотел во близина на Давос во текот на целиот самит. Таа одби да открие кои се влијателните клиенти.
Таа предупреди:
– Верувај, не сакаш да влегуваш во судски спор со нив.
Еден официјален возач на форумот рече дека собрал една сексуална работничка која тврдела дека била принудена од нејзиниот „шеф“ да спие со постар клиент во хотел на делегати.
Меѓу темите за дискусија на овогодинешниот самит во Давос се војната во Украина, глобалните стапки на инфлација, климатските промени и нееднаквоста. Првата дама на Украина Олена Зеленска денеска ќе има ретко меѓународно обраќање .
Десетици сесии во вторник ќе се фокусираат на различни прашања како што се родовата еднаквост, враќањето на производството, зелената транзиција, напорите за ставање крај на туберкулозата и пресекот на храна, вода и енергија, на кои ќе настапи актерот Идрис Елба.