ГРЦИЈА ГРАДИ ГАСНА ЕЛЕКТРАНА ВО АЛЕКСАНДРОПОЛИС Се очекува да започне со работа до крајот на 2025 година

Електраната ќе биде директно поврзана со Пловечката единица за складирање и гасификација на „Gastrade“ (FSRU– Floating Storage and Gasificaion Unit), која моментално е во изградба.

213

Изградбата на електранаtaна природен гас во Александрополис, клучен проект за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион, е најавена денеска на официјална церемонија, одржана во присуство на премиерот Киријакос Мицотакис.

Електраната Александрополис ја гради Грчкото мешовито претпријатие кое се состои од трите главни енергетски групации во Грција – „PPC“, „DEPA Commercial“ и „Damco Energy“ од групацијата Копелузос.






На церемонијата присуствуваа и министерот за енергетика на Грција, Костас Скрекас, како и неговиот почесен гостин од Бугарија, Росен Христов и Ерик Холмгрен, економски директор на Амбасадата на САД во Грција.

Електраната ќе биде директно поврзана со Пловечката единица за складирање и гасификација на „Gastrade“ (FSRU– Floating Storage and Gasificaion Unit), која моментално е во изградба. Така, Александрополис се претвора во енергетски спој на мрежи за електрична енергија и природен гас, со потенцијал за снабдување на домашниот пазар и соседните земји во Југоисточна Европа.

Изградбата и работењето на електраната во Александрополис, исто така, ќе придонесе за исполнување на целите на Европскиот зелен договор и транзицијата кон производство на енергија со ниски емисии. Опремата што ќе биде инсталирана во постројката е погодна за согорување на водород и може да работи со мешано гориво.

Новата електрана се очекува да започне со работа до крајот на 2025 година. Истата ќе биде од тип на комбиниран циклус и ќе има инсталирана моќност од 840 MW, што е приближно нето капацитетот на 3 лигнитни постројки кои моментално се деактивираат. Поради неговата висока ефикасност, ќе обезбеди непречено снабдување со електрична енергија на ниски нивоа на цени.

 

Поврзани содржини