ПРИВЕДЕНА МИСТЕРИОЗНАТА ИВАНА, ТАА ГО ПРИЗНАЛА ДЕЛОТО Измамничката јадела и пиела на сметка на Општина Ѓорче Петров

Во разговорот таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

786

Мистериозната Ивана која претставувајќи се дека е од Општина Ѓорче Петров си јадеше и пиеше по ресторани, е приведена од д страна на полицијата. Таа и сама си признала дека така се гоштевала кај скопски угостители.

– Во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје. Таа се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината. Во разговорот таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.






Општина Ѓорче Петров пред неколку дена информираше дека извесна Ивана во име на Општината и во име на градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и се појавувала во угостителски објекти и нарачувала храна и пијалаци, наводно за општината и за градоначалникот.

– Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување на фактура – нагласуваат од општината.

Поврзани содржини