НА СОЛУНЧАНКАТА КАИЛИ ДА Ѝ БИДЕ ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ Обвинета и европратеничката Мариа Спираки, се работи за пратенички „додаток“

Постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти. Обвинета е и европратеничката Спираки и нејзиниот соработник. Спираки се согласила да ѝ биде одземен пратеничкиот имунитет за да се расчисти целиот случај.

216

Европратеничката од Нова демократија, Мариа Спираки, изјави дека нема никаква поврзаност со аферата „Qatargate”, ниту има некаква поврзаност со било кој друг случај,  откако европската обвинителка побарала одземање на пратеничкиот имунитет не само на сменетата потпретседателка на ЕП, Ева Каили, туку и на нејзин колега, соработник, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите, барањето на обвинителката е по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти.






Европратеничката од Нова демократија објасни дека прашањето е поврзано со нејзин поранешен соработник, кој имал сериозен личен проблем и отсуствувал од седниците на Европскиот парламент, но и додаде дека прифаќа да ѝ биде одземен пратеничкиот имунитет за да се расчисти целиот случај.

Паралелно, говорејќи утрово за грчките медиуми, Спираки истакна дека ќе побара суспензија на нејзиниот пратенички статус.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање на прес конференцијата во Брисел доцна синоќа рече дека нема целосна слика за случајот, но „станува збор за сериозен случај”, кој ќе го разгледа штом се врати во Атина.

Исто така, европратеничката Мариа Спираки нема да биде кандидатка за пратеник на Нова демократија на следните парламентарни избори во Грција, а паралелно ѝ е суспендирано и партиското членство со одлука на претседателот на владејачката партија Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

„Со одлука на претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, суспендиран е статусот член на Нова демократија на европратеничката Мариа Спиракис до завршување на истрагата за случајот. Се додека трае горенаведената одлука за суспензија, Марија Спираки нема да биде кандидат за пратеник на Нова Демократија во изборната единица еден во Солун на следните национални избори“, соопштија од Нова демократија.

Спираки е поранешна новинарка, а во 2014 година, по 22 години го наушти новинарството и беше кандидатка за европратеник на Нова демократија, кога доби мнозинство од гласовите и беше прва на листата. На евроизборите во 2019 година одново ја доби довербата на граѓаните и по втор пат беше избрана за европратеничка.

НЕУМОРЕН ИТАЛИЈАНСКИ ДОДВОРУВАЧ ШТО ПЛОВИ ПО БУРНО МОРЕ Кој е партнерот на фаталната Ева?

ЗГОДНАТА СОЛУНЧАНКА ШТО ЈА ПОСРАМИ ЦЕЛА ЕВРОПА Која е Ева Каили, зошто Папандреу не ја сака и зошто ја нарекоа тројански коњ?

 

 

Поврзани содржини