КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ АВИОН НА БРИТАНИЈА, ЈАПОНИЈА И НА ИТАЛИЈА? Вештачка интелигенцијаќе ја предвидува иднината на леталото (ГАЛЕРИЈА)

Авионот однапред ќе има голема база на психо и биометриски податоци и ќе одлучува за идните постапки, но и ќе може да ги предвидува.

588

Новиот напреден борбен авион за кој Велика Британија мораше да ги ангажира своите партнери Јапонија и Италија поради тоа што е поскап за развивање од авионот Ф-35 уште е во фазата на дизајн. На интернет се појавија повеќе слики како би изгледал новиот Темпест, во превод „невреме“. Ако сака да се носи со рускиот Су-35, тој ќе мора да има вештачка интелигенција која ќе може да учи од постапките на човекот-пилот, но и да носи хиперсонични ракети. Повеќето од опциите се модуларни, што значи дека треба да носи повеќе типови на ракети, меѓу другото и јато на дронови. Неговата архитектура е замислена како таква што ќе може по потреба да биде дооформувана.

Вештачката интелигенција која инаку ќе збира податоци од мозокот на пилотот би можела да се вклучи секогаш кога тој е под голем стрес или ако ја изгуби контролата. Авионот однапред ќе има голема база на психо и биометриски податоци и ќе одлучува за идните постапки, но и ќе може да ги предвидува.






фото: твитер/принтскрин
фото: твитер/принтскрин
фото: твитер/принтскрин
фото: твитер/принтскрин
фото: твитер/принтскрин

Плусинфо пишуваше за напредните Сухои Су-35 на Русија кои веќе имаат вештачка интелигенција.

5 РУСКИ ОРУЖЈА КОИ НИКОЈ ДРУГ ГИ НЕМА Хиперсонична нуклеарка, системот С-400, напредни Сухои…

 

Поврзани содржини