УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ ЗА РАБОТНАТА НЕДЕЛА Сепак, разговорите со Владата треба да продолжат, смета Стопанската комора

Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот - се вели во соопштението на Стопанската комора на Северна Македонија.

129

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи со кои беше оспорено работењето во недела, но тоа не е причина да не ги продолжиме разговорите со Владата, со цел конципирање ново законско решение што ќе биде прифатливо за сите – соопшти вчера Стопанската комора на Северна Македонија.

Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот. Притоа ги имаме предвид компаративните искуства од опкружувањето, па дури и од членките на ЕУ, каде што работата во недела не е ограничена на ваков начин како кај нас, а сепак не е спротивна на уставните принципи. Во тој правец ќе дејствуваме и ние во следниот период“ – се вели во соопштението на Комората.

Поврзани содржини