Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември Градот Скопје денеска го одбележа со здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“, при што додели додатоци за електромоторни погони за инвалидскит колички на лица со телесен инвалидитет.
„Континуирано работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, како еден од моите приоритети, при што се залагаме да се стекнат со мобилност неопходна за меѓусебна соработка и вмрежување“, соопштија градските власти.