ПРВИТЕ ЧИПОВИ ВО ЛУЃЕ СТИГНУВААТ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ Еден мајмун умре, но „сакаме да бидеме крајно внимателни“ (ВИДЕО)
Според потпретседателот на компанијата, Диџеј Сео, овој мозочен имплант ќе може да се полни и ќе биде безжичен. Тој сподели видео од тоа како би изгледал целиот процес. Со новиот имплант компанијата се надева дека ќе можат да бидат излечени луѓето кои имаат Паркинсонова, Алцхајмерова болест или деменција, но и оние кои се парализирани и имаат проблем со моторните функции.
Тестирањето чипови врз луѓе со цел да се направи подобра врска меѓу човечкиот мозок и еден компјутер е овде. Или барем, може да биде тука за шест месеци. Толку време ќе ѝ треба на американската агенција за храна и за лекови да му го одобри експериментот на најбогатиот човек во светот, Илон Маск. Досега Маск со својата компанија Неуралинк експериментираше само врз мајмуни, а еден од нив почина, пишува Си-Ен-Ен.
– Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме тоа да работи како што треба, пред да го ставиме уредот во човек. Но, мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до (американската агенција за лекови и храна) ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓе – рече Маск за време на презентацијата на која беше покажан најновиот модел на уредот.
Monkey plays pong with his mind using Neuralink pic.twitter.com/pAwP791b0S
— Whole Mars Catalog (@WholeMarsBlog) December 1, 2022
Според потпретседателот на компанијата, Диџеј Сео, овој мозочен имплант ќе може да се полни и ќе биде безжичен. Тој сподели видео од тоа како би изгледал целиот процес. Со новиот имплант компанијата се надева дека ќе можат да бидат излечени луѓето кои имаат Паркинсонова, Алцхајмерова болест или деменција, но и оние кои се парализирани и имаат проблем со моторните функции.
Лани компанијата се пофали дека може да направи мајмуните да ја играат видеоиграта Понг користејќи само мозочни импланти, иако нешто слично веќе беше постигнато кај човек со мозочен имплант повеќе од една деценија пред тоа. Маск на презентацијта во средата повторно ја промовираше снимката од мајмунот.
Пред мозочните импланти на Неуралинк да бидат масовно произведени и да се појават на поширокиот пазар, ќе им треба регулаторно одобрение. Американската Администрација за храна и лекови објави документ во мај минатата година во кој ги мапираше првичните размислувања на агенцијата за уредите за интерфејс на мозокот-компјутер, истакнувајќи дека полето „брзо напредува“.