ПАК ФАЛИ ИНСУЛИН, ГРАЃАНИТЕ СИ ПОЗАЈМУВААТ ПЕНКАЛА Петта година се чека државата да набави сензори за мерења гликоза во крвта за децата
Во меѓувреме граѓаните плаќаат до 1.500 евра годишно за приватно да набават и да користат ваков апарат кој го има само во странство. Шестотини деца во земјава имаат дијабет тип-1, над 40.000 граѓани се на инсулин во моментов, а вкупно 116.000 имаат дијабет.
Недостатокот од инсулин во Македонија ги тера граѓаните да си позајмуваат инсулински пенкала, јавува Канал 5. Сѐ помалку има термини за ендокринологија и ендокринолози. Дијабетот сѐ почесто го има кај децата чии родители пет години чекаат државата да набави сензори за за безболно мерење на гликоза во крвта, а во меѓувреме плаќаат до 1.500 евра годишно за приватно да набават и да користат ваков апарат кој го има само во странство. Шестотини деца во земјава имаат дијабет тип-1, над 40.000 граѓани се на инсулин во моментов, а вкупно 116.000 имаат дијабет.
Светскиот ден на дијабетесот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија и немање термин за преглед. Поради тоа аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.