ГО ИЗЛЕЧИЈА ЧОВЕКОТ КОЈ 411 ДЕНА ИМАШЕ КОВИД-19 Докторите морале да комбинираат третмани и апчиња за да направат пробив
Му бил даден комбиниран третман со моноклонални антитела наречени казиривимаб и имдевимаб. Овој третман повеќе не е широко користен бидејќи е неефикасен против поновите варијанти, но бидејќи мажот бил заразен со претходна варијанта се покажал успешен.
Пациент во Велика Британија кој имал ковид-19 неверојатни 411 дена конечно бил ослободен од инфекцијата откако лекарите го секвенционирале геномот на вирусот и го таргетирале со персонализиран арсенал на лекови, пишува ИФЛ Наука. Се работи за 59-годишен маж чиј имунитет бил ослабен по трансплантацијата на бубрег.
Тој бил позитивен на корона во декември 2020 година и продолжил да биде позитивен на тестовите сѐ до јануари 2022 година и покрај тоа што примил три дози вакцина против короната.
Деталната генетска анализа на вирусот покажа дека мажот бил заразен со рана варијанта што ја зафатила Велика Британија во подоцнежните месеци од 2020 година. Потоа вирусот претрпел повеќекратни мутации.
Користејќи ги овие информации, неговите лекари откриле мутации кои ги направиле одредени третмани неефикасни, додека други се покажале поефикасни. Му бил даден комбиниран третман со моноклонални антитела наречени казиривимаб и имдевимаб. Овој третман повеќе не е широко користен бидејќи е неефикасен против поновите варијанти, но бидејќи мажот бил заразен со претходна варијанта се покажал успешен.
Тимот го користел овој насочен пристап и во голем број други проблематични случаи.
Во еден друг случај, 45-годишна жена со ХИВ инфекција не успеала да одговори на третманот со казиривимаб и имдевимаб за да биде излечена од короната која ја снашла. Генетската анализа на вирусот покажала дека биле откриени мутации кои им давале отпор на овие антитела, па затоа ѝ бил даден антивирусен третман Paxlovid, кој на крајот го исчистил вирусот.
Друг случај бил 60-годишен маж кој во минатото имал рак на крвта и бил блиску до смрт откако бил позитивен на тестот за ковид-19 во април 2022 година. Тој бил хоспитализиран повеќе пати, но се чинело дека никакво лекување не функционирало.
На четвртиот престој во болница, работите тргнале на полошо и тој бил ставен на респиратор. Лекарите се плашеле од најлошото, но во последен обид, го анализирале вирусот и му дале комбинација која претходно не била испробана или пријавена: Паксловид и Ремдесивир.
Неверојатно, но ова проработело. Неговото вирусно оптоварување паднало и на крајот повеќе не му требал дополнителен кислород. Неколку недели подоцна, тој бил пуштен од болница и понатаму е во добра здравствена состојба.
– Овој случај сугерира дека употребата на две антивирусни средства може успешно да го третираат хроничниот ковид-19, кој може да се појави кај луѓето со ослабен имунолошки систем кои постојано се инфицираат – рече д-р Снел во изјавата.
– Ова е особено важно сега варијантите на ковид-19 станаа отпорни на терапии со антитела кои претходно се користеа за неутрализирање на вирусот. Итно се потребни дополнителни докази за да се потврдат најдобрите третмани за перзистентна инфекција САРС-КоВ-2 – додаде тој.
Новата студија на случај неделава беше објавено во списанието „Clinical Infectious Diseases“.