ЈАС ИЛИ ТОЈ Ако дојде Путин, Зеленски нема да учествува на Самитот на Г20

399

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да учествува на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија доколку на него присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски во Киев, по средбата со грчката претседателка, изјави дека бил поканет од индонезискиот претседател Јоко Видодо да учествува на самитот од 15 до 16 ноември, пренесуваат британските медиуми.






– Мојот личен став и ставот на Украина е доколку на самитот учествува претседателот на Руската Федерација, тогаш Украина на него нема да учествува. Ќе видиме како ќе биде – рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно денеска изјави дека во телефонски разговор со индонезискиот претседател разговарал за подготовките за Самитот на Г20 и за договорот за извоз на храна.

Поврзани содржини