НОВА АФЕРА „ТАЈНИ ИМОТИ“ ТЕШКА МИЛИОНИ ЕВРА Од ВМРО-ДПМНЕ в понеделник ќе откријат кој и што крие во власта

Институциите не си ја вршат работат и трпат незаконитости и криминал. Група луѓе од СДС и ДУИ наместо во служба на народот работат за себе. За функционери од власта не важат законите, а институциите не постапуваат кога се тие во прашање. Во понеделник во 12 часот ќе откриеме како се крие имот и како власта работи за себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

1,299

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува обелоденување на нова афера под името „Тајни имоти“ во која ќе биде откриено „кој што крие во власта и како институциите учествуваат во криење имот, наместо да го спроведуваат законот“.

„Институциите не си ја вршат работат и трпат незаконитости и криминал. Група луѓе од СДС и ДУИ наместо во служба на народот работат за себе. За функционери од власта не важат законите, а институциите не постапуваат кога се тие во прашање. Во понеделник во 12 часот ќе откриеме како се крие имот и како власта работи за себе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:






„Аферата „Тајни имоти“ е тешка неколку милиони евра. Затоа Македонија наместо да оди напред тоне“.

Поврзани содржини