СЕ ПОЈАВИЈА СНИМКИ ОД ЕВАКУАЦИЈАТА ВО ХЕРСОН Не ја исклучуваме можноста за гранатирање на десниот брег (ВИДЕО)

Не ја исклучуваме можноста за гранатирање на десниот брег и затоа бараме цивилите да се движат на левата страна за да се избегнат жртви, рече прорускиот лидер на Херсон и предупреди неговите зборови да бидат сфатени сериозно.

521

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од масовната евакуација на цивили од Херсон, украински град под руска окупација. Да потсетиме, проруските лидери на Херсон најавија дека планираат да евакуираат 50-60 илјади цивили во следните шест дена поради украинската контраофанзива која „може да се случи наскоро“. Покрај тоа, влезот на цивили во регионот Херсон беше забранет за една недела.

Претходно, прорускиот лидер на Херсон, Кирил Стремусов изјави дека „битката за Херсон ќе започне во блиска иднина“.

 






– Ве молам, сфатете ги сериозно моите зборови и разберете дека тие значат најбрза можна евакуација – рече тој во доцната ноќна објава на Телеграм.

Тој повторно збортуваше утринава велејќи дека „ситуацијата не е променета“.

– Не ја исклучуваме можноста за гранатирање на десниот брег и затоа бараме цивилите да се движат на левата страна за да се избегнат жртви – додаде тој.

Поврзани содржини