НЕ СЕ МЕТНАЛ НА ТАТКА СИ Шумахер помладиот искршил неколку болиди

Според извештаите на медиумите, во 2022 година Шумахер уништи автомобили на аериканскиот тим вредни речиси пет милиони долари.

199

Сопственикот на Формула 1 тимот „Хас” Џин Хас смета дека Мик Шумахер досега направи премногу материјална штета со оштетување на болидите.

– Овој спорт е прескап и едноставно не дозволува да ги кршите болидите, посебно кога сте почетник. Мислам дека Мик има многу потенцијал, но знаете дека тој нас не чини цело богатство и уништи многу болиди кои се многу пари, а ние едноставно ги немаме. Кога би ни донел бодови како што тоа го прави Макс Верстапен за Ред Бул, а во исто време понекогаш прави судири, ќе се справиме некако со тоа. Но, кога сте надвор од првите десет и удирате со болидот, тоа е многу тешко – изјави Хас за „Gradprix247″.






Според извештаите на медиумите, во 2022 година Шумахер уништи автомобили на аериканскиот тим вредни речиси пет милиони долари.

На четири етапи до крајот, 23-годишниот Германец е 16-ти во поединечниот пласман со 12 бода. Неговиот тимски колега Кевин Магнусен е на 14. позиција со 22 бода. Договорот на Шумахер со американскиот тим завршува на крајот од актуелната сезона. 

Поврзани содржини