НЕКОИ ЈАДЕЊА СЕ ПОВЕЌЕ ОД ХРАНА Сутлијач е едно од оние кои будат носталгија

Некои јадења, повеќе од другите, се оние кои ви будат носталгија, па ги јадете дури и кога не ви се јаде само затоа што ве потсетуваат на детството и на љубовта со која ви ги приготвувале дома. Има ли некој кој не јадел сутлијач како дете?

185

Како деца мајка ни често ни правеше сутлијач, обично тогаш кога немаше време за нешто посложено. Потоа некако како да го подзаборавивме па почнавме да правиме чиа пудинзи и други новотии, ама секогаш кога ќе ни текне да си направиме или кога некаде ќе ме послужат со сутлијач. со задоволство го јадам.

Јадењата чија волшебна состојка е љубовта се обично оние кои ги паметиме уште од детството. Оние кои ни ги готвеа нашите мајки и баби, оние кои ни беа речиси секојдневје, чии мириси, вкусови, бои не потсетуваат на љубов. Затоа што ни ги подготвуваа оние кои најмногу не сакаат.






Рецептот за нашиот сутлијач со слатко од зелени смокви побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини