ЅВЕЗДАТА НА „БУБАЛИЦИ“ ГО ОЧЕКУВА ПРВОТО ДЕТЕ Актерката го откри и полот на бебето (ФОТО)

Актерката сподели фотографии од нејзината бременост, меѓу кои и тортата со која го откри полот на детето.

367

Ѕвездата на серијата „Бубалици“ (Big Bang Theory), Кели Куоко (36) за првпат ќе стане мајка. Актерката среќната вест ја објави на својот инстаграм-профил.

„Девојчето Пелфрej ќе пристигне во 2023 година. Благословени сме и пресреќни. Те сакам Томи“, напиша Кели која на социјалните мрежи објави дека е бремена.






Кели објави дека го очекува своето прво дете со момчето Том Пелфрej (40) и објави неколку фотографии со својот партнер. Таа сподели фотографии и од нејзината бременост, меѓу кои и тортата со која го откри полот на детето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco)


Врската меѓу Кели и Том стана јавна во мај, неколку месеци откако актерката се разведе од нејзиниот втор сопруг Карл Кук. Недолго потоа тие се појавија на црвениот тепих на доделувањето на наградите Еми.

„Кога го запознав Том, тоа дефинитивно беше љубов на прв поглед“, изјави актерката минатиот месец.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини