СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ДИРЕКТОР АЛБАНЕЦ Арсовска постигна нов договор со „огнената група“ од ДУИ
Назми Рахмани досега ја извршуваше функцијата помошник директор во ова училиште.
За првпат во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје за директор ќе биде именуван Албанец, ексклузивно објави Алсат-М.
Телевизијата неофицијално дознава дека именувањето на Назми Рамани за директор на училиштето доаѓа како резултат на постигнат договор меѓу „Огнената група“ на ДУИ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Назми Рахмани досега ја извршуваше функцијата помошник директор во ова училиште.