ИЗБРАН ГРАДОТ ДОМАЌИН НА ЕВРОВИЗИЈА 2023 Еве каде во Британија ќе се одржи Евросонг (ФОТО)
Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за титулата домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија.
Ливерпул ќе биде град домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023 година.
Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за титулата домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија. Во финалето остана уште Глазгов.
„Никаде не приредуваат забави како нас“, порачала градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон за време на натпреварот. „Домот на „Битлси“ е подготвен да приреди шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додала таа.
Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен пат таму се одржа во 1998 година во Бирмингем. Британската јавна радиодифузна корпорација појасни дека во процесот на селекција се фокусирала на оние британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани.
Liverpool will host #Eurovision 2023 on behalf of Ukraine…and it’s gonna be proper boss 👍
🇬🇧🇺🇦 Find out all about Liverpool 2023 right here: https://t.co/a1zGojGfbr pic.twitter.com/7sZ7SaYjg2
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) October 7, 2022
Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година, откако украинската фолк-рап група „Калуш оркестра“ победи на натпреварот во Торино во мај, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна „Space Man“.
И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја води Евровизија, заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели.
Украинската влада се согласи настанот да биде организиран од Велика Британија, но тој мора да биде во украинскиот дух и карактеристики. Евровизија е најголемиот светски музички настан во живо.