АКО САКАТЕ ДА ЈА ПРЕГАЗИТЕ ЕВРОПА, ЕБЕТЕ СЕ! Роџер Вотерс му напиша писмо на Путин
„Познавам луѓе кои мислат дека сакате да ја прегазите цела Европа, почнувајќи од Полска и останатите балтички земји. ако го направите тоа ебете се!“, пишува Роџер во писмото до Путин.
Откако двата концерта во Полска на коосновачот на „Пинк флојд“ – Роџер Вотерс, беа откажани по отвореното писмо на музичарот до првата дама на Украина, Олена Зеленска, Вотерс сега дека му напишал писмо и на рускиот претседател Владимир Путин.
– Откако Руската Федерација ја нападна Украина на 24 февруари годинава, се обидувам да го искористам моето мало влијание за да ги охрабрам сите на примирје и дипломатско решение кое би било задоволувачко и за Украина и за Русија. Во тој дух и пишав на госпоѓа Зеленска. А бидејќи постојано бараат да ти пишам, еве едно писмо. Прво, дали сакате да видите крај на оваа војна. Ако одговорот е да, тоа би ги олеснило работите многу. Исто така, ако би рекле дека Русија веќе нема никакви територијални претензии освен за безбедноста на населението што зборува руски на Крим, Доњецк и Луганск. Го пишувам ова затоа што познавам некои луѓе кои мислат дека сакате да ја освоите и прегазите цела Европа, почнувајќи од Полска и завршувајќи со останатите балтички држави. Ако тоа е она што го сакате, ебете се – вели Вотерс во писмото.
Надлежните во Краков во меѓувреме нагласија дека нема да толерираат уметник кој шири непристојни ставови „против Украина“.
Кусо потоа, Вотерс на својот Фејсбук откри дека му пишал и на Путин, објаснувајќи дека „се обидел да го искористи своето мало влијание за да поттикне прекин на огнот и дипломатско решение поврзано со безбедносните потреби на Украина и Руската Федерација“.
Во писмото, музичарот нагласува дека не зазема страна и како да сака да ги критикува и двете спротивставени страни.
– Знам, знам, САД и НАТО напаѓаат други суверени земји кога сакаат, или за неколку барели нафта, но тоа не значи дека треба и вие така. Вашата инвазија врз Украина целосно ме изненади. Тоа беше грозоморна војна на агресија – без оглед дали испровоцирана или не. Кога г-ѓа Зеленска ми одговори преку Твитер, бев многу изненаден и длабоко трогнат. Ако ми одговорите, многу би ве почитувал поради тоа и тоа би било чесен чекор во вистинската насока кон одржлив мир – нагласува Вотерс во писмото до претседателот на Русија.