НЕ ОЧЕКУВАЛА ДЕКА КРИЗАТА ЌЕ Ѝ ЗАСТАНЕ НА ПРОГРАМАТА Арсовска не знае кога би вовела бесплатен јавен превоз

Сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата „Модерно Скопје“ ќе се реализира, тоа е нашата цел, рече Арсовска синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

207

Сè додека не се надмине енергетската криза градоначалничка на Скопје Данела Арсовска не може да каже кога ќе го реализира ветувањето за бесплатен градски автобуски превоз.

– Чесно е да кажеме дека олку голема енергетска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, на нафтените деривати, на мазутот, се толку високи во овој момент и ова што сега го правиме е практично нешто што многу го оптоварува буџетот на Град Скопје. Работиме во таа насока, меѓутоа сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата Модерно Скопје ќе се реализира, тоа е нашата цел – рече Арсовска синоќа во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.






Кога ја презеде функцијата градоначалник, Арсовска рече дека проектот бесплатен јавен превоз ќе се реализира за две години.

Поврзани содржини