РАБОТНИЦИ БИЛЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИТЕ ВО КАТАР Само неколку фирми решиле да им исплатат отштета на луѓето

Останаа уште само два месеци до почетокот на турнирот и спонзорите би требало да го искористат своето влијание за да извршат притисок врз ФИФА и Катар да ги исполнат своите обврски кон работниците, изјави Минки Ворде, директорка во Хјуман Рајтс Воч.

227

Неколку невладини организации за заштита на човековите права ги повикаа денеска спонзорите на претстојното Светско фудбалско првенство да им платат отштета на работниците кои биле ангажирани на изградба на објектите за потребите на Мундијалот во Катар.

Како причина за барањето организациите ги наведоа злоупотребата на работниците и тешките услови за работа.






Невладините организации редовно ги критикуваат условите за работа на работниците мигранти ангажирани на градилиштата во Катар.

Од вкупно 14 корпоративни партнери на ФИФА, досега само Кока-Кола, Адидас, Мекдоналдс и АБ Инбев се обврзаа да исплатат паричен надомест за странските работници во Катар.

– Останаа уште само два месеци до почетокот на турнирот и спонзорите би требало да го искористат своето влијание за да извршат притисок врз ФИФА и Катар да ги исполнат своите обврски кон работниците – изјави Минки Ворде, директорка во Хјуман Рајтс Воч.

Поврзани содржини