ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ И ОНИЕ ДЕЛОВИ ОД ТИКВИЦАТА ШТО ОБИЧНО ГИ ФРЛАТЕ? Искористете го целиот плод
За што помалку отпад од храна, постојано изнаоѓаме начини како да ги користиме целите плодови. Овојпат, за тоа како можете да го искористите целиот плод од тиквицата. Згответе го, испечете го или скиселите го делот што вообичаено би го фрлиле
Сè уште уживаме во сезоната на зеленчук и готвиме пиперки, домати и тиквички на илјада и еден начин, па особено се радуваме кога ќе наидеме на трик што уште повеќе го олеснува подготвувањето на нашите омилени зеленчуци. Така и деновиве, барајќи на интернет некој добар, нов и поинаков рецепт, на порталот Bon Appetit наидовме на одлични совети како да ги искористиме дури и врвовите од тиквичките, кои инаку би ги фрлиле.
Имено, кога подготвувате тиквички за панирање, пржење или готвите најкремаст сос за тестенини, веруваме дека, исто како и ние, прво ги миете тиквичките, а потоа ги отсекувате врвовите. Но, тимот на Bon Appetit вели дека врвовите што секогаш ги фрламе се исклучително вкусни и можат да се користат во цела палета на јадења, исто како и остатокот од тиквицата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.