ЗОШТО СДСМ ОДГОВАРА НАМЕСТО ДАНЕЛА? Според ВМРО-ДПМНЕ тоа е основа за тајната средба Ковачевски-Арсовска

Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна” Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

496

Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска, потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска Ковачевски имаат основа“, велат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението од СДСМ, во кое владејачката партија демантира дека нејзиниот лидер, премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар, Миле Зечевиќ, неделава тајно се сретнале со скопската градоначалничка.

– За неполни 48 часа, во време на инфлација и енергетска криза, клептоманската СДС плати и ѝ подари билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ, потоа оддржува прес-конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна” Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ – велат од опозициската партија.






За ВМРО-ДПМНЕ единствен противник е власта која ќе ја смениме и која ја одведе во пропаст Македонија, се додава во соопштението.

Поврзани содржини