ПОЧИНА РАДКО ПОЛИЧ Беше ѕвезда на југословенската кинематографија

Радко Полич-Рац беше актер кој создаде повеќе од стотина театарски, над 50 филмски и десетици радио улоги.

536

Театарскиот и филмски актер Радко Полич – Рац почина на 80-годишна возраст, соопшти Здружението на драмски уметници.

Радко Полич е роден за време на Втората светска војна во Чрномље. Дипломирал на катедрата за драма и уметнички говор на АГРФТ во 1965 година.






Тој беше актер кој создаде повеќе од стотина театарски, над 50 филмски и десетици радио улоги.

Радко Полич-Рац остави неизбришлива трага на театарот во Словенија. Списокот на неговите улоги по кои ќе остане во сеќавање на публиката и слушателите е навистина долг, а многумина го паметат и по улогата на капетанот Дитрих во филмот „Балкан експрес“.

Рац беше и еден од најпочитуваните филмски актери и во Словенија, како и во земјите од поранешна Југославија.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини