ШУПЛИВА ОДБРАНА НА ЏАФЕРИ Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се поништи Законот за ратификација за да падне Договорот со Бугарија

Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

196

Шуплива одбрана на неодбранливото – Џафери ги прекрши законите и Уставот со отфрлање на иницијативата за референдум, тоа се фактите, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата не сака да спроведе референдум за да не потроши пари, а во исто време не ѝ беше проблем што троши 400.000 евра за вински фестивал. Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор. Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека „антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија.

Поврзани содржини