ПРИНЦОТ ХАРИ Ѝ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КРАЛИЦАТА Ги ценам миговите поминати со тебе
Хари, кој со неговата сопруга Меган Маркл се повлече од кралските должности во 2020 година, го пофали служењето на кралицата кон народот и емотивно зборуваше за неа како негова баба.
Принцот Хари денеска ѝ оддаде почит на својата баба, кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора, која почина минатата недела на 96-годишна возраст. Тој истакна дека го цени времето што го минал со неа и дека ќе го почитува својот татко кој сега е крал.
Хари, кој со неговата сопруга Меган Маркл се повлече од кралските должности во 2020 година, го пофали служењето на кралицата кон народот и емотивно зборуваше за неа како негова баба.
– Бабо, иако оваа конечна разделба нè растажува, вечно сум благодарен за сите наши први средби – од споменот за тебе од моето најрано детство, до првата средба со тебе како мој врховен командант, до првиот пат кога ја запозна мојата драга сопруга и ја прегрна твојата сакана правнука. Ги ценам тие мигови минати со тебе и многу други посебни нешта меѓу нив. Веќе ни недостигаш многу. Не само нам, туку и на целиот свет… Кога станува збор за првите средби, сега го почитуваме татко во неговата нова улога како крал Чарлс Трети, нагласи Хари.
За потсетување Хари и Меган се отуѓија од кралското семејство, вклучително и неговиот татко, откако се откажаа од кралските должности и беа доста критички насочени кон однесувањето спрема нив во Бакингемската палата.