ПРОТЕЧЕ РУСКИ ДОКУМЕНТ, ЗАГИНАЛЕ 48.579 ВОЈНИЦИ Противникот на Путин објави список од 28 август, бројките се поклопуваат

Ходорковски понатаму наведува дека во бројката не се вклучени исчезнатите руски војници, ниту оние кои се борат под знамињата на сепаратистите од Доњецк и Луганск. Бројката од 48.579 Руси е нешто поголема од проценките на западните служби.

3,227

Противникот на Путин, олигархот Михаил Ходорковски на Твитер објави документ од руското Министерство за финансии преку кој може да се пресмета дека во војната загинале 48.579 Руси. Во документот пишува дека на 28 август на семејствата на загинатите им биле исплатени 361,4 милијарди рубљи, односно 7,4 милиони за секој паднат војник. Ако се поделат вкупните пари со сумата по војник се добива дека навистина во војната загинале 50.000 Руси, како што долго време тврдат и украинските власти.

 






Кој е Ходорковски? Рускиот бизнисмен долго време живее во егзил и оттаму повикува на државен удар и преврат против путинизмот. Тој често дава интервјуа за големите медиумски куќи во кои раскажува како Путин се пресметува со неистомислениците и големите олигарси.

Ходорковски понатаму наведува дека во бројката не се вклучени исчезнатите руски војници, ниту оние кои се борат под знамињата на сепаратистите од Доњецк и Луганск. Бројката од 48.579 Руси е нешто поголема од проценките на западните служби.

Додека излегуваат информации за украинската офанзива во Харков, Русите објавија свои бројки за тоа колку украински војници убиле тие меѓу 6 и 10 септември на југот и на истокот. Според Игор Конашенков, портпарол на руското министерство за одбрана, убиени биле над 4.000 украински војници, а уште 8.000 биле повредени.

Според руско МО, повлекувањето на руските трупи од Харков било само „прераспоредување“.

Поврзани содржини