НЕМА ОПАСНОСТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, СТРАНАТА Е САМО ИНФОРМАТИВНА Министерството за образование презема активности за зајакнување на сајтот

ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана.

198

Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер, соопштија од Министерството за образование по хакерскиот напад на веб страницата.

Од МОН инфромираат дека веќе се информирани соодветните служби и очекуваат да се открие кој го направил нападот.






-Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите – велат оттаму.

Од Министерството информираат и дека ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана.

 

Поврзани содржини