ИЗГЛЕДААТ ФИЗИЧКИ БОЛНО Цел свет е згрозен од ноктите на нозете на ќерката на Кејт Мос
Лила Мос ги збуни обожавателите кога ги покажа долгите, шилести нокти на нозете.
Ќерката на супермоделот Кејт Мос, Лила Мос (19) се чини дека со нетрпение го очекуваше полнолетството за да почне да го остварува својот голем сон.
Само што наполни 18 години, Лила се најде на насловните страници на светските модни магазини, учествуваше на бројни ревии на луксузни брендови, но како тоа да не ` беше доволно, таа се обидува да привлече дополнително внимание со секое ново појавување во јавноста.
View this post on Instagram
Во тој стил продолжи и на почетокот на неделата, кога на Инстаграм сподели фотографија од ноктите на нозете.
Оваа нејзина фотографија ќе останеше речиси незабележана доколку девојката немаше црвени, шилести, долги нокти на нозете.
https://t.co/9Jq6lMkep0 Lila Moss baffles fans as she sports quirky long red talon toenails for photoshoot https://t.co/wRu4RVVNnW #News pic.twitter.com/hbjVtXX1Xu
— News Media Daily (@NewsMediaDaily) August 31, 2022
Под фотографијата која Лила ја објави има бројни коментари од нејзините збунети обожаватели, а ова се некои од нив:
„Како носиш чорапи со тие нокти“, „Можеш да ги користиш ноктите на нозете како оружје“, „Замисли само да те клоцне“, „Уф, ова е толку неуредно“, „Ноктите изгледаат физички болно“…
ФОТО: Инстаграм/Твитер