БЕГ ДА ГИ ВРАТИ СМЕТКИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 40 ОТСТО Регулаторната комисија тврди дека во нив не е пресметана субвенцијата на владата

Претседателот на РКЕ рече дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска енергија.

539

БЕГ ќе треба да им ги врати сметките за парно на скопјани во кои има пресметано зголемување од 40 отсто. Ова денеска го кажа претседателот на Регулатоната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– БЕГ не ги пресметала субвенциите што ги дава владата за потрошувачите на топлиснка енергија во Скопје. Владата има донесено соодветна одлука, а ако има изминат рок ќе донесе нова. Потрошувачите секако ќе ги добијат субвенциите. Пари има издвоено и во буџетот. Тоа значи дека БЕГ ќе треба да ги сторнира сметките кои им ги испрати на потрошувачите во невообичаен термин пред завршување на месецот, на 30 и 31 август . Ќе треба да се подготват нови сметки кои ќе ги добијат граѓаните– рече Бислимоски.






Бислимоски рече дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска енергија.

Поврзани содржини