ТАЈВАН ЌЕ НАРАЧА ИСТИ РАКЕТИ КАКО УКРАИНА Дваесет батерии за ХИМАРС и 29 АТАКМС со дострел од 300 километри

Тајванската војска денеска уште еднаш испука предупредувачки истрели за да ги одбие кинеските беспилотни летала, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј. Според тајванската војска, три цивилни беспилотни летала биле забележани во раните вечерни часови во близина на три острови контролирани од Тајван, пренесе ТАСС.

443

Тајванската армија планира да испорача повеќе од дваесетина батерии фрлачи на артилериски ракетен систем за висока мобилност ХИМАРС, јавува Њузвик. Истиот систем моментално го користи Украина во борбите против Русија. Со речиси удвоен воен буџет, Тајван ќе нарача и 29 артилерски ракетни системи АТАКМС, истите кои Украина ги бара од САД, но не ги добива против Русија, бидејќи нивниот голем дострел од 300 километри би можел да предизвика светска војна.

Но, километражата во можната војна во Тајванскиот теснец е друга и можеби ќе бидат потребни овие дострели за гранатирање преку морето.






фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

За потсетување, со ХИМАРС, кој има дострел од 80 километри, Украинците го гаѓаа Крим, а моментално се обидуваат да направат офанзива во Херсон. Пентагон соопшти дека во тек е планот да се прошири и забрзаа производството на овие артилериски ракетни системи вреден 200 милиони долари.

Тајванската армија се сврте кон ХИМАРС откако го укина претходниот план за купување на 40 самоодни хаубици М109А6 „Паладин“, договор од 750 милиони долари одобрен од администрацијата на Бајден пред една година, бидејќи САД рекле дека ќе се чека за испорака затоа што производната линија била „преполна“.

Тајванската војска денеска уште еднаш испука предупредувачки истрели за да ги одбие кинеските беспилотни летала, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј. Според тајванската војска, три цивилни беспилотни летала биле забележани во раните вечерни часови во близина на три острови контролирани од Тајван, пренесе ТАСС.

Војската стационирана на архипелагот Кинмен пукала со боева муниција, по што беспилотните летала си заминале.

Поврзани содржини