ДАЛИ И ВАМ ПРСТИТЕ ВИ МРЗНАТ И КОГА Е ТОПЛО? Нашата соговорничка со Рејноов синдром, си го нашла лекот
Нашата соговорничка Магдалена Ковачевска, по прегледот кај ајурведски лекар, слушајќи ги неговите совети за промена на начинот на исхрана и воопшто, на начинот на живот, успеала да го реши својот голем здравствен проблем со кој мака мачела цели 12 години.
На сите одвреме-навреме толку ни е ладно што не ги чувствуваме прстите на рацете и нозете. Секако, тоа кај 95 проценти од луѓето се случува во зима, кога е времето ладно, но, околу 5 проценти од населението, вклучувајќи ја и нашата соговорничка, страда од многу поинтензивна верзија на овој проблем. На Магдалена Ковачевска дури и најмалото заладување можело да ѝ предизвика наеднаш да го изгуби чувството во прстите на рацете, а понекогаш и во прстите на нозете, со часови.
Дури и кратка прошетка во зима или пак во лето, после престој во климатизирана просторија, можела да заврши со вкочанети прсти што ја менувале бојата, а кога ќе се врателе во нормална состојба, тогаш почнувале да болат и да трнат.
Ѝ бил дијагностициран Рејноов синдром, непријатна, а понекогаш и многу болна васкуларна болест.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.