ОД ХРОНО КУЈНАТА НА АНА ЌУБЕЛА Сѐ што треба да знаете за овој начин на исхрана и рецепт за погача со рузмарин
Кога станува збор за хроно исхрана, повеќето мислат дека станува збор за строго придржување до сатница за јадење. Сепак, не е баш така.
Српската новинарка и блогерка Ана Ќубела, која пред неколку години на Саемот на книга во Скопје ја промовираше својата едиција на хроно готвачи, почнала да готви од хоби и за свои потреби откако навлегла во овој режим на исхрана. Ги запишувала рецептите засновани на хроно исхрана и ги споделувала со пријателите на Фејсбук, а потоа го почнала и својот блог кој денеска има повеќе од 200.000 посетители.
Ќубела е своевиден гуру за хроно исхрана во регионот и за себе вели дека не е готвачка, туку обична жена која сака да готви. Сепак, поентата на приказната, вели таа, не е во готвењето како такво, туку во поинаков начин на живот и во тоа дека треба да ги смениме навиките и да научиме да јадеме.
Ако сакате да се потсетите што беше тоа хроно-исхрана и да ја направите погачата по рецептот на Ана, прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.