ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ДЕВОЈЧЕ Маж ја зграпчил пред нејзината куќа, таа почнала да вреска! (ВИДЕО)

На видеото се гледа како осомничениот Дерик Мекферсон (33) прво ја фаќа за раце пред да се обиде да ја одвлече.

1,024

Домашните безбедносни камери го снимија наводниот обид за киднапирање на 6-годишно девојче пред нејзиниот дом во Хамилтон, Охајо, пренесува „CBS News“.

На видеата се слуша како девојчето вреска додека се обидува да му се оттргне од рацете на киднаперот.






Таа сепак успеала да се извлече и да истрча во куќата.

На видеото се гледа како осомничениот Дерик Мекферсон (33) прво ја фаќа за раце пред да се обиде да ја одвлече.

– Ме пушти да одам затоа што врескав – изјавила таа за „ABC News“, а пренесува „Fox News“.

Таткото на девојчето, Рики Неш, рече дека потоа влегол во својот автомобил и го следел Мекферсон и контактирал со полицијата.

Дерик Мекферсон беше уапсен на 24 август и обвинет за обид за киднапирање и отежнат сексуален напад.

 

Поврзани содржини