„ГОЛФ“ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ ШТИП-ДЕЛЧЕВО Возачот е тешко повреден

Виничанец со „голф“ излетал од патот Штип-Делчево и притоа е потешко повреден. 

69

На магистралниот пат Штип-Делчево кај место „Сланечки дол“ патничко моторно возило “голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Г.Ц.(37) од Виница, вчера попладнето излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани, соопшти МВР.

 

 

Поврзани содржини