ЖЕНА ГО ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛОТ НА ВИСОК ФУНКЦИОНЕР ВО КРЕМЉ Секретарјев бил задолжен за цензура во осмата управа (ВИДЕО)

Секретарјев, чиј автомобил беше запален, работел во 8-та управа на Генералштабот и бил задолжен за цензура во врска со информациите за армијата и нејзините операции во Украина.

688

Според руските медиуми, жена која се противи на руската инвазија на Украина го запалила автомобилот на Евгениј Секретарјев, рускиот функционер задолжен за цензура на медиумите. Наводно, жената го полила автомобилот со бензин и потоа го запалила.

По инцидентот, таа е приведена.






На неколку профили на Твитер се појавија видеа и фотографии од запален автомобил кој наводно му припаѓа на овој руски службеник.

 

 

Секретарјев, чиј автомобил беше запален, работел во 8-та управа на Генералштабот и бил задолжен за цензура во врска со информациите за армијата и нејзините операции во Украина.

Поврзани содржини