СДСМ ФАТЕНИ ВО ЛАГА, СЛИКИТЕ ОД ЗМИИТЕ ВО АЕРОДРОМ СЕ ОД АВСТРАЛИЈА? Kенгури, зебри и крокодили осамнаа на Твитер (ФОТО)
Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?“, реагираат од СДСМ.
Сликите од змии кои наводно се појавиле во скопската населба Аеродром се лажни слики од Гугл кои покажуваат змии во Австралија, регира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ кои во соопштение до јавноста ги објавија фотките.
„СДСМ се фатени во лага, сликите кои тие ги објавија за наводно дека во парковите во општина Аеродром има змии се симнати од Гугл и се слики од Австралија. Уплашени од сѐ поголемата доверба која ја добива градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски СДСМ со украдени слики се обидува да го оцрни градоначалникот Муцунски. Толку се безидејни и уплашени што веќе не знаат што да направат за да ги прелажат граѓаните“.
На оваа тема, попладнево реагираа твитерџии кои на хумористичен начин, реагираат на вестите кои се актуелни денес. Така тие, споделуваат нереални фотографии, преземени од интернет страните од крокодили, зебри и кенгури и го повикуваат градоначалникот Муцунски да преземе мерки.
Еве ги најинтересните твитови:
На улицата ,,Трета македонска бригада” се забележани животни со девијантно однесување.
Градоначалникот Муцунски продолжува крајно неодговорно да се однесува кон граѓаните. Неговата преокупираност со високата политика носи страв за аеродромци!
Апелираме надлежните да реагираат! pic.twitter.com/44Kbmk4njc
— Јоцо Манго (@fapot_) August 27, 2022
Денес во општина Аеродром, после мостот за фаќање риби прекрасната идеја на господинот Шилегов, забележани се крокодили како се сончаат покрај реката Вардар. Луѓе ова не е нормално!
Фала Тимчо ако не а? pic.twitter.com/wdGdfynkfJ— 👾 Мила На Мајка 👾 (@_shieldmaiden89) August 27, 2022
Абе грам срам немале овие Тимчо и Данела, од Лисиче и Аеродром направија зоолошка! pic.twitter.com/B9iACX4M21
— Chiang Kai-shek (@sakamepravda) August 27, 2022
Истовремено, СДСМ се навреди за „змиите“ па во ново соопштение порача „Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани“.
„Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?“, велат од СДСМ и додаваат:
„Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани, велат од владејачката партија“.