СЕ СУШАТ НАЈГОЛЕМИТЕ РЕКИ ВО ЕВРОПА, КИНА, САД… Видеа ја покажуваат „најлошата суша во последните 500 години“ (ГАЛЕРИЈА)

На места, Лоара сега може да се помине пеш. Најдолгата река во Франција никогаш не течела толку бавно. Рајна брзо станува непроодна за шлеп сообраќај. Во северна Италија, По е 2 метри пониска од нормално, осакатувајќи ги посевите. Србија го копа Дунав и ископува стари нацистички бродови и други артефакти. Но, ова не е ништо во споредба со третата најдолга река во светот Јангце или Јангчекјанг во Кина. Самото име значи долга река, најдолга во Азија. Цели 6.418 километри.

1,120

Она што пред извесно време беше наречено „најголемата суша во Европа во последните 500 годни“, од страна на Европската Комисија и Заедничкит истражувачки центар на ЕУ, изгледа не е само проблем на Европа, туку на целиот свет. Едни од најголемите реки на три континенти остануваат без вода и без риби.

Слики од устието на реката Лоара во Франција, најголема во земјата, како се суши при влезот во Атлантскиот Океан беа објавени на социјалните мрежи. И на 100 километри од заливот реката е пресушена, пишува Ројтерс. Всушност, 47 отсто од територијата на Европа е под ризик од недостиг на вода. Ова ќе ги намали приносите на пченка, сончоглед и соја за 16, 15 и 12 отсто, вели истражувањето.






– Притоките на Лоара се целосно исушени. Тоа е без преседан – рече Саке, кој е шеф на хидрологијата во францускиот Национален институт за земјоделство, храна и животна средина (INRAE).

На места, Лоара сега може да се помине пеш. Најдолгата река во Франција никогаш не течела толку бавно. Рајна брзо станува непроодна за шлеп сообраќај. Во северна Италија, По е 2 метри пониска од нормално, осакатувајќи ги посевите. Србија го копа Дунав и ископува стари нацистички бродови и други артефакти.

 

Но, ова не е ништо во споредба со третата најдолга река во светот Јангце или Јангчекјанг во Кина. Самото име значи долга река, најдолга во Азија. Цели 6.418 километри. Еве како таа се суши:

 

Сушата се пресели и во Западната хемисфера. Најголемата река во Северна Америка, Колорадо, долга 2.330 километри е погодена од суша која најдобро се гледа од сателит од вселената. НАСА со години ги следи овие промени. Сушата е дел од трендот што трае речиси две децении. Таа е најлошата суша во регионот во последните 1.200 години. Климатските промениделумно влијаат за оваа „мегасуша“.

 

Двата најголеми резервоари во Соединетите Држави, и двата на реката Колорадо, сликовито го илустрираат ова. Системот на реката Колорадо како целина има 34 отсто од својот врвен капацитет оваа година, што е помалку од 40 отсто од она количество вода што го имале лани.

Поврзани содржини