ЛУКАШЕНКО Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НЕЗАВИСНОСТ НА УКРАИНА Му го врти ли Александар грбот на Путин?

Белорускиот лидер им посака на Украинците „мирно небо, толеранција, храброст, сила и успех во повторното воспоставување на достоинствен живот". Тој додаде дека Белорусија ќе продолжи да се залага за „зачувување на договорот, развивање пријателски и взаемно почитувани контакти на сите нивоа".

503

Изненадувачки е, но, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ, пишува Б92. Дали ова значи дека белорускиот лидер му го врти грбот на Путин?

-Убеден сум дека денешните несогласувања нема да можат да ги уништат вековните темели на искрени, добрососедски односи меѓу народите на нашите две земји (Белорусија и Украина) – рече Лукашенко.






Белорускиот лидер им посака на Украинците „мирно небо, толеранција, храброст, сила и успех во повторното воспоставување на достоинствен живот”. Тој додаде дека Белорусија ќе продолжи да се залага за „зачувување на договорот, развивање пријателски и взаемно почитувани контакти на сите нивоа”.

Белорусија беше главниот сојузник на Русија во нејзината окупација и им дозволи на руските трупи да влезат во Украина преку нејзината граница.

Поврзани содржини