ЛЕКУВАЊЕ СО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО Метод стар 5.000 години

Велат дека со овој метод на лекување болестите се лекуваат за 2 до 4 дена (акутните) и до една година (хроничните заболувања).

391

Лекувањето со сончогледово масло за многумина може да изгледа невообичаено, но се покажало дека жабуркањето на маслото има ефект врз голем број здравствени проблеми.

Овој метод ги заменил хируршките операции и лековите за многу тешко болни пациенти. Основната постапка на овој метод е да се жабурка одредена количина на масло за јадење во устата.
На овој начин се спречува уништувањето на корисната микрофлора на организмот, што се јавува при внесување на синтетички лекови, на пр. антибиотици. Без да го голтате, треба да земете од една кафена до една супена лажица масло во устата. Жабуркајте го маслото во усната шуплина 15 до 20 минути. Исплуканата течност треба да биде млечно бела. Ако е жолта или жолтеникава, тоа значи дека третманот не траел доволно долго. Устата треба да се исплакне со чиста вода, да се измијат забите. Во исплуканата течност има голем број на штетни бактерии и токсини.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини